Политика за приватност
Оваа страница објаснува кои лични податоци ги собира Хемпромак ДООЕЛ преку веб-сајтот www.hempromak.com.mk и како ги користи.
Кои податоци ги собираме
Само податоците што самите ги внесувате во формуларот за контакт: име, е-пошта, телефон, фирма и пораката. Сајтот не користи колачиња за следење, реклами или аналитика.
За што ги користиме
Исклучиво за да одговориме на вашето барање или понуда. Не ги продаваме и не ги споделуваме со трети лица за маркетинг.
Како се пренесуваат
Пораките од формуларот се доставуваат до нашата е-пошта преку услугата Web3Forms. Сајтот се хостира на Cloudflare.
Колку долго ги чуваме
Колку што е потребно за деловната комуникација со вас, или додека не побарате да ги избришеме.
Вашите права
Може да побарате увид, исправка или бришење на вашите податоци на hempromak@t.mk.